Карикатуристот Седо Перо го нацрта Канје Вест и го покани во Македонија

Инспириран од твитот на Канје Вест со иконата на Свети Климент Охридски, охридскиот карикатурист со уметничко име Седо Перо го нацрта американскиот рапер од светски глас и го покани во Македонија.



„Скромна покана до Канје Вест да ја посети земјата на апостолот Павле, на европејката Лидија, првата жена што го прими христијанството, и градот на Свети Климент, патронот на Охрид, Македонија. Ти посакуваме добредојде, брату!“, објави Седо Перо во придружниот коментар на карикатурата.