Кардиологот Сашко Кедев одликуван со орденот „Свети Никола”

На познатиот кардиолог и член на МАНУ, професор д-р Сашко Кедев вечерва во соборниот храм „Свети Никола” во Штип му беше врачен орденот што општината го доделува секоја година на истакнати штипјани, кои дале посебен придонес за развојот на градот и државата.



Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов му го врачи орденот „Свети Никола” на Кедев, a во обраќањето на свечената академија, истакна дека Кедев е роден штипјанец, иако живее и работи во Скопје. Тој е сертифициран европски интервентен кардиолог, сертифициран интервентен кардиолог во САД. Македонската јавност го знае и по неговото хоби – алпинизмот. Ги има искачено сите највисоки континетални врвови, а го освои и највисокиот врв во светот, Монт Еверест.

Признанија „Свети Никола” им беа доделени и на олимпиецот Зоран Шоров, на Зоран Мијалков, граѓански активист за правата на децата со посебни потреби, Александар Ѓеоргиев, кој со својата хуманитарна работа изгради домови на повеќе семејства во штипско,на младинскиот активист Дарко Тошиќ и на компанијата „Аџико”, како општествено одговорна компанија.