Eден од најпознатите спортски кардиолози во светот и сигурно најпознат во Англија, Санџај Шарма, со драматичен коментар за данскиот фудбалер Кристијан Ериксен кој синоќа колабираше на натпреварот Данска -Финска.



„Ова момче имало нормални тестови се до 2019 година, и сега како да го објасниме срцевото запирање?

… Фактот што е стабилен и буден е одлична. Не знам дали некогаш повторно ќе заигра фудбал.

Да не го кажувам ова премногу отворено, но тој умре на натпреварот.

На неколку минути, но умре, па сега се прашувам дали лекарите ќе му дозволат да умре повторно? Одговорот е не“, порача Шарма.