Кардиохирургија доби нов директор

Д-р Марјан Шокаровски е назначен за нов директор на државната Кардиохирургија – три недели од разрешувањето на д-р Сашко Јовев од страна на министерот за здравство.



Од Министерството кусо информираат за неговото образование и досегашен професионален ангажман. Доктор Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршена во Универзитетски клинички болнички центар- Загреб, со повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет-Скопје.

Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап.

Исто така, се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција, Бугарија, Србија и присустувал на голем број меѓународни конгреси, информира Министерството за здравство.

Клиниката доби и нов организациски директор. Назначен е Исак Јакупи.