Каратист на чело на Културниот центар во Тетово

Националната установа Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово, неновиве доби нов директор.



Станува збор за Арлинд Хусеини познат спортски работник, основач и тренер во карате клубот „Фати“ Тетово од 2001 и селектор на карате репрезентација за постари јуниори од 18 до 21 година, дознава СакамдаКажам .

Дипломирал на Факултетот за физичка култура, а е магистер по спортски менаџмент.

Тоа што е назначен за директор на една установа од областа на културата, како што вели, за него не било пречка бидејќи веќе 8 години работел како шеф на кабинетот на државениот секретар при Министерството за култура.