Дел од умерените набљудувачи на процесот сметаат дека Заев и Димитров веќе немаат легитимитет за преговори.



„По оваа бравурозна местенка од грчка страна да се истрча Заев дека македонската страна прифаќа erga omnes и промена на уставот, а да му го отфрлат предлогот за името, не знам каков простор имаат тој и министерот-преговарач да продолжат со ‘преговори’“, вели поранешната амбасадорка и советничка во Кабинетот на Киро Глигорв, Елеонора Каранфиловска Ратклиф.

„А, богами и легитимитет. Образот му го извалкаа и избришаа под со него“ оценува Каранфиловска.