Каракамишева за уцените Бугарите да влезат во македонскиот Устав

Професорката по уставно право, Тања Каракамишева, реагира во врска со позасилените барања на официјална Софија, Бугарите да бидат вметнати во македонскиот Устав како услов за тргање на бугарското вето и отпочнување на преговорите на Македонија со ЕУ.



“Нема ли некој учен во Влада да им ја “врати по глава” тезата на бугарските власти дека правата на Бугарите ќе бидат позаштитени ако се ставени во Преамбулата, со примерот на Хрватите, Египќаните и Евреите кои иако не се набројани во Преамбулата на Уставот сепак ги уживаат сите малцински права во Македонија?

Нема, а? Така и мислев!

#НеСмеОдВчера” – напиша Каракамишева на Фејсбук.