Професорката по политички систем и уставно право на скопскиот правен факултет Тања Каракамишева Јовановска дава поддршка за пратениците кои гласаа против уставни измени со цел влез на Бугарите во највисокиот правен акт.
Каракамишева предупредува дека на Македонија не смее да и се повтори 2017-18 кога под силен притисок и трговија со уцени, закани и корупција на пратеници беше сменет уставот за промена на името.
,На МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА И СЕ ПОВТОРИ 2017-18 г.
МАКЕДОНИЈА ќе биде европска држава кога ќе стави крај на безобразната политичка трговија со пратеници!
МАКЕДОНИЈА има достоинствен народ кој единствено што бара е да живее во нормална држава каде националното достоинство не е на продажба.
МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ!”, порачува професорката која дава поддршка за пратениците кои не гласаа за промена на уставот и застанале на браникот на македонското достоинство.






