Професорката тања Каракамишева реагира на нечовечкото однесување кон лицата кои се принудени со часови денови да ја исполнат обврската од „преспанскиот“ договор и заклучно до 12-ти февруари да ги сменат личните документи (пасоши, лични карти и возачки дозволи) во кои ќе стои “северна“…
„ @VladaMK дали знаете дека чл.11 од Уставот на Македонија забранува секаков облик на нечовечко или понижувачко однесување?- прашува Каракамишева на Фејвук
„Дали знаете дека физичкиот и моралниот интегритет на човекот се неприкосновени?
Она што се случуваше и се уште се случува по шалтерите на МВР за промена на личните документи е пораз на човечноста, пораз на човековото достоинство!!!