Каракамишева: Стоп за етнификацијата на државата до граници на лудило!

Професорката Тања Каракамишева Јовановска бара македонските власти да не измислуваат хибридни решенија за основните човекови права и нови извртени правила со кои се суспендираат традиционалните демократски принципи.



“Стоп за квази-консоцијалната демократија која во МКД НИКОГАШ не заживеа како што треба, “ДА” за уставната демократија!Стоп за колективно права пред личните права! Стоп за етнификацијата на државата до граници на лудило! Стоп за инертниот и неефикасен Уставен суд, “ДА” за силен СУД!”, пишува професорката разочарана од извртување на демократските принципи што важат во вистинските демократии.