Професорката Тања Каракамишева вели дека човекот кој беше избран за претседател на Собрание без записник и на скали, нема легитимитет да говори за Устав.
Рекацијата доаѓа по толкувањето на претседателот на Собранието Талат Џафери кој за медиумите рече дека доколку утрешното гласање на недоверба на Владата е неуспешно, соогласно Уставот истата постапка не може повторно да биде покрената во наредните 90 дена.
„Талат се расприкажал како било по Устав ако не успеела постапката за доверба на влада?!
Прво, кој му кажа дека ќе биде неуспешна, второ, не го личи на функцијата, трето, нема кредибилитет, ниту легитимитет да зборува за Устав!
Истиот Џафери што спротивно на Устав, без записник, на скали во 2017г. го “избраа” за спикер, истиот Џафери што дозволи притвор на пратеници без симнат имунитет за после да ги уценува ЗЗ“! објави Каракамишева.







