Каракамишева: Со овој сме биле ист народ? Ни на сон, ни на јаве, Каракачанове!

Професорката по уставно право Тања Каракамишева му реплицира на Твитер на бугарскиот вицепремиер, министер за одбрана и лидер на софиското ВМРО, Красимир Каракачанов, според кој Бугарите и Македонците биле, се и пак ќе бидат еден народ.