Каракамишева: Се срамам што го познавам, Малески е срам за македонскиот народ

Професорката Тања Каракамишева Јовановска се срами што го познава нејзиниот колега од Правниот факултет Јустиниан први.



Иако долгогодишни колеги пред Малески да замине во пензија, Каракамишева сега јавно го осуди екс колегата кој според неа е срам за нејзиниот народ.

“Се срамам што го познавам Денко Малески. Намерно не напишав професорот оти е срам за Македонскиот народ тој да биде наш просветител и учител. Кога не знае да молчи за работи што очигледно не ги познава,а ни нанесува директна штета нам Македонците, тогаш јавната осуда е неопходна”, вели Каракамишева за Малески.