Каракамишева му се извини на Јанчев!

Универзитетската професорка Тања Каракамишева му се извини на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, за објавената членска книшка од СДСМ на кое може да се прочита името на Јанчев, кој експресно реагираше дека станува збор за фалсификат, пишува Фокус.



„Утринава ме “бомбардираа” вести и телефонски јавувања од провладините медиуми дека Митко Јанчев ќе ме тужел поради објавата за членската книшка. Не знам колку е информиран господинов, но оваа фотографија е јавно достапна и не е за прв пат објавена кај мене, што значи не е ексклузивна вест. Галиба ќе треба да ги тужи сите на твитер! Самиот факт дека целиот провладин медиумски сервис се покрена да го објави демантот на Јанчев зборува повеќе од самата книшка. Со оглед дека сум професионалец и пред се, човек, му упатувам извинување доколку на каков било начин сум придонела да се почувствува навреден од објавата“, напиша Каракашимева на фејсбук.

Претходно, Јанчев за Фокус изјави дека наводната членска книшка претставува измама,

Неколку часа откако професорката Тања Каракамишева објави наводна членска книшка од СДСМ , Јанчев за „Фокус” тој достави фотографија со истиот сериски број на членската книшка, а на неа стои името на Катица Јанева:

Еве, јавноста нека види со какви ниски работи се служат некои луѓе. Ова во најмала рака е урнебесно, но за жал има луѓе кои веруваат на ваквите лаги. Книшката за која Каракамишева пишува дека е моја, всушност е истата книшка, со истиот сериски број за која се крена голема прашина уште во ноември 2016 година. Тогаш многу медиуми ја објавија истата книшка, тврдејќи таа и припаѓа на поранешната специјална обвинителка.