Професорката Тања Каракамишева предвидува дека борбата против крадците и измамниците во Македонија и во Албанија ќе се одвива паралелно.
„КОРУПЦИЈАТА И КРИМИНАЛОТ на оваа Влада ќе ги стави во затвор.
Нивните пријатели од меѓународната започнаа да испраќаат силни пораки дека повеќе никој нема да биде толериран.
Процесите на борбата против крадците и измамниците во Македонија ќе одат паралелно со оние во Албанија.
Рама и Заев ќе паднат заедно како другари по криминал.
Тимоние може не го сакате, ама тој го покажа курсот по кој ќе се движат работите на Балканот во иднина!
На Македонија ѝ нема спас ако не се справиме со лоповите и ако не покажеме одлучност да се бориме против мафијата час поскоро!“, напиша на Фејсбук професорката по уставно право и политички систем на Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје.





