Професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева ја коментира прес-конференцијата на претседателот Стево Пендаровски за кулминацијата на скандалот „Рекет“.
„Прес-конференцијата на Пендаровски НЕ МОЖЕ да го испере за поддршката што ја даде на СЈО. Нема да заборавиме дека тој како и сите шаренаици ги хвалоспеваше ‘Трите грации’, иако како правник знаеше дека СЈО е противуставен орган кој нема легалитет во државата. НЕМА ПРОШКА ЗА НИКОГО!“, порача професорката на скопскиот Правен факултет „Јустинијана Прима“ на социјалните мрежи.





