Каракамишева: Ништо не те пере, директорке

По скандалозната информација дека директорката на Дерматологија, д-р Нина Цаца Биљановска, иако била во ризично подррачје во Италија одела на работа пет дена, дека одржала и предавање пред стотина колеги а се заканувала на колеги кои сакале да ја пријават за неследење на протоколите, реагираше професорката Тања Каракамишева:



„Колку треба да си неодговорен и несовесен не само како доктор, туку како човек, да дојдеш од епидемиски загрозена држава и да не се ставиш во домашна изолација?

Колку НЕЧОВЕК треба да бидеш да ги изложиш на опасност сите што работат и живеат со тебе?

Ништо не те пере директорке! Кривична одговорност мора да има! – напиша Каракамишева на Фејсбук.

https://www.facebook.com/Karakamisheva/posts/2926929017390982