По „препораката“ на евроамбасадорот Семуел Жбогар да се донесе законот за ЈО, на ФБ реагираше професорката Тања Каракамишева.
„Амбасадоре, ваков закон, со ваква содржина и скриена намера на власта да си го заштити сопствениот криминал, а тие никогаш да не бидат виновни за тоа, НЕМА ДА ЈА ДОНЕСЕ ПРАВДАТА ВО МАКЕДОНИЈА, ниту ќе ја зголеми довербата на граѓаните во обвинителството.
И Вие знаете дека тоа е така ама мора да ги оправдате милионските евра вложени пари во СЈО кое ве изневери и испокраде!
Ако одобрувате ваков закон на пат сте да ја направите и втората кардинална грешка. Наместо одбрана на правото и правдата се ставате во одбрана на криминалот, неказнивоста и дивеењето на криминалците!
Размислете уште еднаш кого браните“ , му поирача Каракамишева на Жбогар.






