Венецијанската комисија и официјално го усвои мислењето за Законот за јазиците и јавноста треба да ги знае клучните забелешки што Комисијата ги напиша во врска со законот, и кои останаа непроменети и покрај притисоците на Владата , пишува на Фејсбук професорката Тања Каракамишева.
Нотирана е силна критика поради скратената постапка во која законот беше донесен во Собранието. Во мислењето е наведено дека Комисијата за европски прашања во Собранието на Македонија и покрај предложените околу 80 амандмани од страна на опозицијата одлучи да дискутира по само неколку од нив.
Нотирано е дека гласањето на законот се одржа во отсуство на најголемата опозициска партија и без расправа по поднесените амандмани, што покрена силни реакции во јавноста.
Комисијата констатира дека законот за јазиците не може да се смета за „некомплексен или за „не-екстензивен“ со оглед на фактот дека регулира област која фактички се однесува на целото општество.
“Пречки во ефективната примена на законот како елемент на владеењето на правото можат да се појават не само поради одредена незаконска или несовесна акција преземена од страна на авторитетите, туку и поради квалитетот на законот кој тешко може да биде применет“, пишува Каракамаишева
Во продолжение го пренесуваме ФБ статусот на Каракамишева:





