Каракамишева го откри процентот на Македонци и Албанци во Македонија

Птофесорката Тања Каракамишева Јовановска го открива точниот процент на граѓани според етничката припадност а врз основа на извадените државјанства на Република Македонија.



Според статистиката што таа ја објавува во земјава има само 16,7 % Албанци од вкупното население.

“Согласно ажурираните податоци за издадени државјанства, во Македонија има нешто повеќе од 2,4 мил.издадени државјанства, од кои 1.883.612 (72,66%) се декларирале како Македонци, 375.601 (16,7%) – Албанци,2,66% Роми, 3,85% Турци, 1,78% Срби,0,84% Бошњаци,0,48% Власи и 1,03% други”, открива професорката која смета дека Преспанскиот договор е илегален а уставните измени не донесени согласно македонските позитивни правни прописи.