Професорката по уставно право и поранешен член на Венецијанската комисија, Тања Каракамишева, апелира до сите партии да побараат од Државната изборна комисија рачно пребројување на секое гласачко ливче.
„По сите видени небулози, крадење на гласови и други изборни криминали, АПЕЛИРАМ ДО СИТЕ ПАРТИИ да побараат до ДИК РАЧНО ПРЕБРОЈУВАЊЕ на СИТЕ ливчиња! MАКЕДОНСКИ RECOUNTING ВЕДНАШ!“, повика таа на Твитер.
„За лудилово да ви биде уште полудо, еве ви инфо дека во ИЕ 6 на ДУИ му требаат 6 гласа за да земе пратеник од СДСМ, а во ИЕ 2 на Левица ѝ требаат само два гласа за да земе пратеник на СДСМ! Македонска турлитава!“, коментира Каракамишева.
„До кој степен е хаос во ДИК укажува и овој податок: во струмичко Ново Село победиле Алијанса и ДУИ… Немам солзи да ја исплачам Македонија!“, твитна професорката на Правниот факултет при скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“.





