Професорката по уставно право Тања Каракамишева прва реагира на објавата на Твитер од амбасадорката на САД во НАТО, Кеј Бејли Хачисон, за потпишаниот Протокол за членство на Македонија, која Американката ја идентифкува со државното знаме наместо со име.



„Оваа знаме-земја има свое сопствено име мадам, нашето име е Македонија“, твитна членката на Венецијанска комисија.

Каракамишева за оваа тема се произнесе и на Фејсбук:

„А да си залепиме по едно мало знаменце на чело, а?

Ем нема да нè прашуваат од каде сме, ем ќе се куртулиме од црвенеење на лице ако некому не сме му по волја.

Од утре сите залепени, а може и тетовирани на челото со мало знаменце и селотејп на уста.

Така знаеш дека сигурно ќе им бидеш по волја на СИТЕ!“