Професорката Тања Каракамишева Јовановска со совет до сите лидери на малите политички партии кои на последните избори освоија минимална поддршка од гласачите и не успеаја да влезат во парламентот ниту да освојат значаен број гласови.
“Има многу лекции што мора да се научат од овие избори. Но, една постојано ми се врти во главата. Сите “важни”, а впрочем тотално небитни фаци што се опробаа на политичката сцена со партиски листи треба да се СООЧАТ со фактот дека се маргиналци кои не треба да се занимаваат со политика!”, пишува професорката Каракамишева.
Таа не кажува на кого точно мисли но на листите кои на изборите освоија минимален број гласови меѓу другите беа Љупчо Ристовски, Петар Богојевски, Петар Колев, Јанко Бачев, Солза Грчева, Александар Тортевски и Мирјана Најчевска, Јорго Огненовски и други.





