Универзитетската професорка Тања Каракамишева најавува жестока внатрепартиска битка меѓу приврзаниците на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и на потпретседателката и на владеачката партија, и на Владата, како и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.
„Нема почеток на преговори со ЕУ, далеку е НАТО.
Овие факти ќе ги завртат копјата внатре кон СДС.
Следниов период ќе гледаме жесток фајт меѓу тимот на Рада и тимот на Заев.
Кој кого ќе измети?
Дали Заев ќе го суреди тимот на Рада или сепак Рада ќе успее да ги задржи своите позиции и да го зајакне своето партиско влијание?!
Претседателските избори го покажаа незадоволството на ‘урбаното граѓанство’. Тоа очигледно расте, а јавна тајна е дека тоа е под контрола на Рада.
Незадоволството од владеењето на Заев, посебно во Скопје, најмногу го чувствува Рада и нејзиниот тим, таа е турната до ѕидот!
Прашањето на кое набрзо ќе добиеме одговор е дали Рада конечно ќе биде победена од селскиот итрец или нејзините дворски игри повторно ќе го потонат лидерот на СДС по примерот на Црвенковски и Бучковски.
Дали е Рада прочитана од Муртинецот?“, прашува во својот статус на Фејсбук професорката по уставно право и политички систем на Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.




