Каракамишева: Да може да зборува Македонија ќе си ги каже маките

Професорката по политички систем и уставно право Тања Каракамишева Јовановска вели дека ниту луѓето ниту ниту државите не можат да прифатат кога им се наметнуваат лажни делови од нивата лична карта.



,,Уставот е автобиографија на нацијата!

Замислете, како би се чувствувале ако во вашата автобиографија бидат ставени измислени ликови, животни настани, неточни информации!

Лошо, така?

Епа лошо се чувствува и Македонија!

Да може да зборува ќе ги каже маките од нашите глупости”, пишува Каракамишева која алудира на промените на македонскиот устав, пред се на името, кои беа наметнати без да бидат прифатени од граѓаните.