Каракамишева бара Пендаровски и Советот за безбедност да не крадат законски ингеренции

По информацијата дека утре на состанокот на Советот за безбедност претседателот Пендаровски може да добие насока и да воведе вонредна состојба реакции од експертот за политички систем и уставно право професорката Тања Каракамишева Јовановска.



“Советот за безбедност и претседателот на Републиката НЕ МОЖАТ да прогласат кризна состојба согласно Законот за управување со кризи! Си има Управувачки комитет и Група за проценка кои одлучуваат за тоа! Доста импровизации и делење права кои не ви припаѓаат!”, напиша Каракамишева во врска со процедурата за воведување кризна состојба.

Предходно членот на Советот за безбедност, Ненад Марковиќ, во гостување на Телма истакна дека прогласувањето кризна состојба ќе биде главната тема на утрешниот состанок кај претседателот Стево Пендаровски.

Тој објасни дека самиот Совет за безбедност не може да прогласи кризна состојба, но дека тоа може да го стори претседателот по предлог на членовите на Советот, пренесе плусинфо.мк.