Каракамишева: Ако Македонија отсекогаш била грчка, зошто преименуваа луѓе, градови и села?

Професорката по уставно право и поранешен член на Венециската комисија, Тања Каракамишева, со логично прашање во однос на тврдеата од југ за „грчкоста“ на Македонија.



„Ако Македонија отсекогаш била грчка, зошто грчката влада би морала да ги менува македонските имиња на луѓе, градови и села во грчки? Зошто во 1926 година грчката влада нареди во Уредбата бр. 332 од ноември 1926 година дека сите имиња на градови, села, реки и планини (како Баница, Габреш, Кукуш, Лерин, Воден, Желево, Негочани итн.) треба да се заменат со грчки? Помеѓу 1913-1928 година словенските имиња на стотици села и градови биле елинизирани од Комитетот за промена на имињата, кој бил задолжен од грчката влада со Директива.

Преименувани населени центри во Егејска Македонија по окрузи: 1. Бер – 49, 2. Негуш – 16, 3. Гревен – 82, 4. Воден – 34, 5. Ениџевардар – 56, 6. Меглен – 48, 6. Драма – 233, 7. Кавала – 24, 8. Правишта – 36, 9. Тасос – 3, 10. Катерини – 42, 11. Кожани – 88, 12. Населичка – 72, 13. Кукуш – 179, 14. Костур – 104, 15. Лерин – 101, 16. Валовишта – 84, 17. Жихнени – 20, 18. Нигриде – 35, 19. Сер – 55, 20. Лагадин – 76, 21. Солун – 78, 22. Ларигово – 6, 23. Халкидики – 40“, коментира Каракамишева во својата објава на Твитер.