Професорката Тања Каракамишева вели дека скандал е претседателот на Уставен суд да признае дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната, законската и деловничката постапка и дека за тоја никој не реагира.
„Претседателот на Уставниот суд имаше директно признание во изјавата на Телма ТВ дека повеќе од 30 закони се донесени спротивно на уставната, законската и деловничката постапка и НИКОЈ не кажа чекајте бре луѓе ОВА Е СКАНДАЛ!
Судот да ги укине сите тие закони по службена должност!“, пишува Каракамишева на Фејсбук по изјавата на изјава на претседалот на Уставен за Телма ТВ.






