Каракачанов жали што Заев не успеа да го спроведе Договорот за добрососедство

Македонија влегува во опасните турбуленции во кои се наоѓаме повеќе од половина година. И голема заблуда е да се мисли дека без јасен увид во последиците може да се решат горливите проблеми, коментира на Фејсбук поранешниот бугарски министер за одбрана Красимир Каракачанов.



„А се можеше да биде многу поедноставно доколку Зоран Заев и неговата влада направеа напори да ги спроведат условите предвидени во Договорот за добрососедство. Така би продолжиле преговорите со ЕУ, а во нив с Македонија би го имала бугарското рамо (поддршка), како што се обврзавме. Но, не постои начин само една земја да ја почитува својата посветеност на меѓународните договори.

Реалноста е дека преговорите никогаш не почнале, бидејќи односите меѓу двете земји се на точка на замрзнување, а правата на Бугарите кај Вардар се на ниво на „Титова Југославија“.

Каракачанов е загрижен поради победата на опозицијата на локалните избори:

„Се разбира, загрижени сме за изборниот триумф на ДПМНЕ – оние кои зборуваа за кршење договори, враќање на натписите на спомен-таблите во РСМ, дефинирање на нашата земја како фашистички окупатор и повикуваа на сеопфатна дипломатска офанзива на ЕУ против Бугарија“, пишува Каракачанов.