Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов е гневен од најавата за враќање на српскиот јазик во училиштата и за отворање на Српски културен центар во Скопје и поради тоа што и македонсиот премиер и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ го честитале Свети Сава.
„Против ковид ви испративме вакцина, но против стокхолмски синдром нема измислено вакцина, ниту, пак, лек!.
Каракачанов, веројатно мисли на 1—тре вакцини ветени но никогаш не стигнати како донација од Бугарија – фаскт што го обелодени албанскиот премиер , Еди Рама.
Каракачанов лутината ја сподли на Фејсбук:
„ Кој рече дека политичката елита на Република ц.Македонија нема консензус за која било тема? Премиерот Зоран Заев, заедно со лидерот на опозициската ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и го честитаа на српската заедница во нивната земја српскиот празник – Денот на Свети Сава и дури Заев најави дека ќе се гради српски културен центар во центарот на Скопје и најави враќање на наставните програми за српски јазик и култура во училиште укинати за времето на Груевски. За да не остане поназад ’вмровецот‘ Мицкоски се пофали дека токму неговата партија го вовела овој српски празник пред години… Да се смее човек или да плаче“.
Претходно, шефицата на бугарската дипломатија реагираше остро и пронајде македонско-српска-руска врска





