„Очекувавме колегијален став. Добивме задкулисни игри преку тајни или директни претензии кон таканареченото македонско малцинство “, изјави бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов за БНТ.
„Такви апсурди можат да постојат само во коминтерновски мозоци… Седнувате со вашите колеги во Скопје и тие почнуваат да се инатат како магаре на мост.
Можеби ќе одлучите утре дека сте марсовска нација и дека кралот Самуил слезе од Марс. Луѓето во Македонија може да се наречат како што сакаат, но тоа не може да биде засновано на украдена бугарска историја и на омраза кон Бугарите “.
Вакви апсурди можат да постојат само во некои коминтерновски мозоци и, според него, политичката елита во Македонија е производ на токму оваа коминтерно-југословенска идеологија на антибугаризмот. „Не можеме да го дозволиме ова“, вели тој.
За улогата на ВМРО, партијата на чие чело е, Каракачанов рече дека во својата 125-годишна историја ја бранела бугарштината.





