Бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов тврди дека македонската политичка елита генерирала голема омраза кон Бугарите.



Во интервју за БНТ тој рече дека репресијата и притисокот врз Бугарите во Македонија се интензивирале, вклучително и од високи владини претставници.

Бугарскиот министер вели дека не гледа причина зошто претседателот на САД, Џо Бајден или некој друг би требало да поддржува ваква политика.

„Во ЕУ има доволно проблеми. Нов проблем на Балканот, ако не се реши на нормален начин, не му е потребен никому, додаде Каракачанов.