Каракачанов: „Соросоиди“ ќе го продадат бугарскиот национален идентитет

Красимир Каракачанов смета дека е скандалозна изјавата на специјалниот пратеник на Вашингтон за Западен Балкан, Габриел Ескобар, дека е „погрешно Бугарија да користи билатерален договор за да ги запре аспирациите на Северна Македонија кон ЕУ“.



Во интервју за „Епицентар“, тој вели дека уште почудно е што ниту една од партиите застапени во парламентот не издаде соопштение, а молчат и новите таканаречени демократски протестни партии.

„Изненадувачки, нема реакција од никого – претседателот, кој влегува во изборната кампања и луѓето ќе сакаат да го слушнат неговиот став. И кога молчите – создавате чувство дека сте се помириле со овој притисок“ вели Каракачанов, кој беше министер за одбрана во владата на експремиерот Бојко Борисов.

Каракачанов заклучува дека се работи за „очигледно ‘соросоидни’ структури, кои имаат јасна намера да го предадат бугарскиот национален интерес со доаѓањето на власт“.

На прашањето кои се тие формации, Каракачанов вели дека би можел да ги наведе и по име, но дека тоа се сите оние што влегле во парламентот и кои, како што вели, сега се подготвуваат да упаднат во парламентот и истакна дека единствените што имале цврст став се БСП (бугарските социјалисти).

„Кој ќе го заштити бугарскиот национален интерес? Кој ќе има храброст да го стори тоа? Како што можете да видите, преодната влада се скрши – првата изјава на привремениот министер за надворешни работи во кабинетот на Јанев – беше двосмислена дека Бугарија ќе ги брани своите интереси со ревизија на договорот со Скопје.

Извинете, што може да се преиспита откако ќе има одлука на парламентот?“,прашува Каракачанов.