Скопје продолжува да игра игра – да демонстрира и имитира активност и добра волја, испраќајќи го г. Бучковски, да дава изјави, надевајќи се дека за неколку месеци ќе се смени владата во нашата земја, дека ќе се смени администрацијата во Вашингтон и посебно претседателството на ЕУ од страна на Словенија, која е поддржувач на Скопје, да изврши притисок, вели вицепремиерот Карасимир Каракачанов.



„Во Скопје играат игра и не се искрени со Бугарија, тие се тотално нечесни“, коментира вицепремиерот.

Промена на позицијата на Бугарија не може да се случи и во Скопје лажат, потпирајќи се на тоа.

Каракачанов е убеден дека нема бугарскa власт и политичар што би се осмелил да ја смени позицијата на земјата и да направи компромис, бидејќи темата Македонија е единствената тема во бугарското општество за која постои консензус.