Доколку Македонија сака да стане полноправен член на НАТО и ЕУ, ќе мора да ги почитува обврските што ги презеде кон Бугарија и Грција“, изјавил бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов во емисија на Радио „Фокус“ што ќе биде емитувана утре.



Како што објасник, ова значи отстранување на територијални претензии и фалсификување на историјата.

 Тој додал дека само кога во учебниците по историја ќе ја види вистинската историја на Македонија”, а не „фалсификатите со кои се переле мозоците на нашите сонародници веќе 70 години“, Бугарија може да биде убедена дека работите се движат во вистинска насока.

„Македонија брза да се приклучи кон НАТО, бидејќи, како и многу бугарски политичари пред 20 години, верува дека кога ќе влезеш во НАТО речиси автоматски ќе ти се реашт сите проблеми. Влегувањето во НАТО е можност за решавање на проблемите, но без твое учество и подготвеност, нема друг може да ти ги реши – ниту Брисел, ниту генерален секретар на НАТО, ниту која било друга земја-членка, вклучувајќи ја и Бугарија“, вели Каракачанов како што пренесува бугарски „Фокус“.л