Поранешниот министер за одбрана на Бугарија и лидер на ВМРО БНД, Красимир Каракачанов, во ТВ-емисијата Бугарија 24 призна дека навива за македонската репрезентација на Европското првенство во фудбал.
Секако, затоа што тоа е репрезентација на втората бугарска држава. Факт е дека Заев и другите политичари не сакаат да ја признаат историската вистина, но на крајот тие се наши сонародници. И, ако веќе нашата репрезентација не можеше да се пласира на Европското првенство, секако дека ќе ја бодрам другата репрезентација на Бугарија. А кога треба да ја поддржам, Турција, праша Каракачанов со иронија.






