Каракачанов: Никој не бара од Заев и од Пендаровски да се наречат Бугари

Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов со нова отровна стрела кон Македонија, овојпат упатена кон премиерот Зоран Заев и кон претседателот Стево Пендаровски.



„За време на избори има секаков фолклор. За време на предизборната кампања во Македонија видовме многу силни антибугарски говори и палење на бугарското знаме. Ние такви нешта тука не сме правеле. Бугарија нема никакви територијални и малцински претензии кон Северна Македонија. Јас го повикувам Скопје да го каже истото, но тие не го прават тоа. Од 1944 година во Македонија се наметнува идејата дека Македонците не се Бугари и се прават обиди за крадење на бугарската историја. Јас инсистирам токму за тоа – да не се пишува дека царот Самоил не е бугарски цар, дека Гоце Делчев не е Бугарин итн. Никој не бара од Зоран Заев и од Стево Пендаровски да се наречат Бугари сега, но нека престанат да ги нарекуваат Бугарите Татари, фашисти, окупатори“, изјави лидерот на ВМРО-БНД

Каракачанов се пофали дека токму неговата партија оневозможила да се направат компромиси со штетни последици за темата „Македонија“, „која е болна за секој Бугарин“, како што рече.