Вицепремиерот и министер за одбрана на Красимир Каракачанов вели декавласта во Македонија стравува дека доколку се интензивираат економските, културните и политичките односи со Бугарија, теоријата за одделна македонска нација ќе пропадне. „Македонија – тоа е единствената земја што, во својот грб, химната и уставот, се потпира на постулатите на Коминтерн и на Тито. Затоа е одбивањето да се изнајде нормален, човечки пристап кон Бугарија.



Ние немаме што да зделиме. На двете страни од границата во најголем дел живее еден ист бугарски народ и зборува на ист јазик, колку и да се прават обиди во изминатите 73 години да се отстапи од бугарскиот јазик и да се претстави како нешто посебно“,, вели Каракачанов, како што пренесуваат бугарски медиуми.

Според вицепремиерот Каракачанов, политиката на македонските власти по распадот на Југославија не водил кон создавање посебен идентитет, туку за уништување на бугарскиот.