Каракачанов: Кога те гласале само 1% на избори – треба да заминеш

Еден лидер треба да знае кога да му отстапи место на следниот. Кога гласаат 1% на последните избори – правилно е да заминеш од бината изјави за БНТ Красимир Каракачанов, сега веќе почесен претседател на бугарското ВМРО кој вчера даде оставка како лидер на партијата.



Тој вели дека политиката станала валкана работа во последните 15 години, бидејќи во неа влегуваат луѓе врз основа на проекти финансирани од олигархија за да им служат на економските интереси на богатите или на надворешнополитичките интереси, а не на идеи и идеологија, рече Каракачанов.

Ние не клекнавме и не се согласивме, а притисокот беше врз нас, а сегашните владетели клекнаа, легнаа на темата РСМ, наведеува како пример Каракачанов.