„Откако сум претседател на ВМРО, една стотинка (1 лев – 100 стотинки) од Македонија или од друго место не е стекнат во наша полза. И ако некој го докаже спротивното, подготвен сум веднаш да ја напушти функцијата, да се откажа од политиката и ќе се застрелам со пиштолот што легално го поседувам на плоштадот во Софија”.



Ова го изјави вицепремиерот, министер за одбрана и лидер на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, кој ги отфрли како „клевети и поткажувањето“ тврдењата на поранешниот пратеник Велизар Енчев дека „услугите за продавање на бугарско државјанство на Македонци е главен извор за пари на ВМРО“, пренесуваат бугарски медиуми.

Бугарија ја тресе скандал откако обвинители откритија корупција при давањето на бугарско државјанство од страна на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ).

Меѓу досега уапсените 20 лица и веќе со подигнато обвинение е и претседателот на агенцијата Петар Харалампиев од  ВМРО – партијата, која со години ја контролира ДАБЧ.

Партијата на Каракачанов се финансирала од продажба на бугарски државјанства