Каракачанов: Камчев нема да биде бугарски конзул во Македонија

Откако Македонија не го прифати предлогот Орце Камлев да биде почесен конзул во Македонија, Софија веќе не го отвора тоа прашање вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во интервју за Канал 5.



„Минатата година Камчев беше номиниран за бугарски почесен конзул, со аргумент дека тој е човек кој економски е многу влијателен, има свој авторитет во Македонија. Но кога македонските власти не ја поддржаа таа идеја, како што гледате Бугарија не го отвори тоа прашање, бидејќи како што гледате се работи за граѓанин на Р. Македонија. Инаку Бугарија го номинира, но кога Македонија кажа дека тој не е прифатлив за нас, нема проблем, се поистоветуваме со вашето мислење на крајот на краиштата#, изјави Каракачанов.

Тој вели дека со внимание ја следата аферата „Рекет“, но ги демантира сите шпекулации за некаква поврзаност на Бугарија со случајот.