Бугарската Централна изборна комисија (ЦИК) ги објави податоци за обработените 54,63% изборни гласови.
Владејачката ГЕРБ на Бојко Борисов, е победник со 24,88%, „Има таков народ“, на Слевеј Трифунов е втора, со 18,74%, Социјалистичката партија доживеа дебакл и спадна на третото место со 14,91%,
Во парлементот влегуваат и „Демократска Бугарија“ на борецот против корупцијата Христо Иванов (министер за правда во втората влада на Борисов) која освои 10,53 отсто, а петта е партијата околу која гравитираат етничките Турци, ДПС, со 8,99 проценти.
Изборната бариера ја помина и коалиција „Исправи се. Мутри надвор“ на Маја Манолова заедно со Отровното трио со 4,98 отсто од гласовите.
Цензусот од 4 % не го помина ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, од чии редови е и европратеникот Ангел Џамбаски како и три други помали партии.






