Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов вели дека имало притисок од дел од земјите-членки на ЕУ за Бугарија да ги промени позициите во однос на Македонија, но дека Софија нема да попушти.
„Му кажав на премиерот Заев дека ништо не направија три години и кога дојде моментот за решение беше доцна. Јас сум првенствено вицепремиер во Бугарија и нема да правам компромис со антибугарска политика и не ме интересира што дел од нашите европски партнери имаат поинакви ставови и што се обидуваат на некои начини да ги наметнат нивните позиции.
Бугарија има јасни интереси. Имаше обид да нѐ разубедат. Имаше обиди да не разубедат за работи за кои сепак немаа аргументи“, вели Каракачанов.
Рече дека го разбирал обидот на партнерите да ја разубедат Бугарија, но оти на крајот неговата држава мора да се грижи за своите интереси.





