Каракачанов до Македонија: Азбуката ви ја направија три незавршени учители во Бугарија!

Потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, уште еднаш ја обвини Македонија дека има намера да создаде нов македонски идентитет со кражба на бугарската историја.



„Имате историја на Републиката, имате акт на Коминтерната од 1933 година, кога е формирана нацијата, ја имате 1944 година, кога сте го формирале своето писмо. Постојат фотографии на кои се прикажани тројца или четворица учители што не го завршиле школувањето во Бугарија, а таму станале професори, тие ја направиле новата азбука. Но, не чепкајте ја историјата до 1944 година – историјата на бугарскиот Среден век, на Цар Самоил, не чепкајте ги Кирил и Методиј, Климент Охридски, не чепкајте ги бугарските револуционери како Гоце Делчев или учесниците на бугарската преродба, како Рајко Жинзифов“, изјави Каракачанов.