Каракачанов вчера бил „инкогнито“ во Битола

„За мене беше големо задоволство да присуствувам на отворањето на Бугарскиот културен клуб „Иван Михаилов“ во градот. Битола. Ви благодариме за неуморната работа и борба на Бугарите во Македонија за зачувување на Бугарија!- објави синоќа лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов.



Во објавата,како што пренесува „Фактор“, тој му упати совет на премиерот Петков:

„Следниот пат кога ќе излезе да го прочита својот однапред подготвен говор, во кој вели дека мораме да го ‘искорениме јазикот на омраза’ – додека во исто време на 50 метри под местото каде што е, има група македонисти кои ги пцујат Бугарите од Македонија – да погледне и да послуша малку“, напиша Каракачанов на Фејсбук.

Како последна порака на својот статус тој објави „Македонија без Бугари – огнот да ја гори!“.

Иако беше најавено дека и екс-министерот за одбрана ќе допатува на отворањето на бугарскиот културен центар, немаше информација дека Каракачанов навистина се појавил во Битола.