Каракачанов би ги одвоил Македонија и Албанија на патот кон ЕП, за Скопје да не ја кочи Тирана!

Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, најави дека наскоро би можел да предложи раздвојување на Македонија од Албанија на патот кон Европската унија, зошто не било праведно Скопје да ја кочи Тирана!



„Не сум далеку од мислата, кога повторно ќе се постави по неколку месеци прашањето за влезот на Македонија и на Албанија во ЕУ, да предложам Бугарија да ја заземе следната позиција: Албанија и Македонија да бидат одвоени и да не одат во пакет. Бидејќи, како да кажам, отсуството на желба од страна на Скопје да бара вистински дијалог со Бугарија, практично ја кочи и Албанија. Треба да бидат одвоени. Албанија да си оди во посебна патека и Македонија во посебна патека“, изјави Каракачанов во интервју за „Зум.мк“.