Ова го изјави лидерот на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов, на вонредниот конгрес на партијата, јави БГНЕС.
Каракачанов рече дека новата влада е уште еден експеримент на надворешни лоби кругови. „Сведоци сме на уште еден експеримент, со кој некои надворешни владетели сакаат да го пречкртаат сето она што е направено во последните 32 години“ рече тој..
„Никогаш не сме направиле компромис (…) благодарение на ВМРО немаше пробив во односите со РСМ.
(…) 80 отсто од Бугарите дефинитивно не сакаат Бугарија да прави компромиси со својата историја“, нагласи Каракачанов.
Партијата на Каракачанов одржува конгрес, на кој ќе се одлучува за идното раководство на организацијата. Пред неколку дена, досегашниот лидер Каракачанов официјално објави дека поднесува оставка, предлагајќи тројца копретседатели да ја водат партијата.







