„Луѓето во август и септември започнаа да одат на одмор, започнаа да одат на журки, забави, одмори… Плажите во Охрид беа преполни. Комисијата никогаш не дала дозвола да се организираат вакви настани“ изјави претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски во интервју за МРТ.
„Моментално, ни се случува непочитување на мерките, не се носи маска, не се почитува дистанцата за време на кафе-разговорите и на се тоа ќе додадеме свадбите и погребите“.,
Тој вели дека е разочаран од населението и лицата кои требало да покажат пример како треба да се однесува за време на коронавирусот.
Според Караџовскинајголем дел од заболените доцна доаѓаат на клиника, а, како што рече, десетина случаи починале на пат, влез или при самата хоспитализација на Инфективните одделенија.






