Податоците на Министерството за финансии покажуваат дека во перидот од јануари до април годинава се реализирани само 9,83 отсто, или нешто повеќе од 40 милиони евра, од планираните капитални инвестиции за целата 2019 година.



Ова е послаба реализација споредено со минатата година, која, пак,  беше најслаба во последната деценија.

Во истиот временски период, јануари-април, лани беа реализирани 11 проценти.

Минатата година беше една од најлошите за капиталните инвестиции.

Поради тоа Владата ја прекрои државната каса со што скрати околу 300 милиони евра, а од нив реализирани беа само 65,6 отсто.

Годинава за капиталните предвидени се околу 420 милиони евра.

Извор: Сител