Член на владеачката коалицијата предводена од СДСМ ја прогласи идната италијанска премиерка Џорџа Мелони за фашистка.
Истовремено лидерот на партијата ,,Поен” која е партнер на СДСМ, Рубин Земон, ја прогласува целата влада што ќе ја предводи Мелони за фашистичка.
Ова е сериозен дипломатски инцидент ако се знае дека Земон во владата е национален координатор за мултиетничко општество, беше пратеник и вршеше високи функции во македонската влада и собрание.
Досега голем број светски медиуми ја етикетираат Мелони како крајна десница или радикална десница но ниту еден претставник на владечката коалиција не ја нарекол фашистка а нејзината влада фашистичка.
,,Случајност или не?!
-1922 на власт во Италија доаѓаат фашистите со Мусолини
– 2022 на власт доаѓаат фашистите на чело со Мелони!”, објавува Земон кој е дел од коалицијата на СДСМ на премиерот Ковачевски.






